Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата влада се катастрофа за младите
Зоран Заев и неговата влада се катастрофа за младите. Заев од опозиција ветуваше дека ќе врати над 600 000 иселени, a сега кога е на власт не само што не ги врати туку со своите политики го забрза иселувањето, смета ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев причини вистински економски геноцид врз Македонија. Економијата повеќе од година дена е на нула. Партијата која ветуваше раст на БДП од 5%, сега не може да оствари раст поголем од нула. Индустријата најслаба во регионот, а градежништвото е во слободен пад од 37%. Државата тоне во корупција. Криминалот во највисоките структури на власта е најголем проблем со кој се соочува државата. На државните претпријатија се гледа како на средство за доделување тендери на партиски фирми. Додека обиживот, донесе бесперспективност. Додека на домашен план донесе цчните бизнисмени се потиснати од картелот на власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие го повторија и ставот дека договорот со Грција не е гордост, туку срам за државата, а Заев свесно и своеволно прифатил промена на идентитетот и јазикот на сопствениот народ и промена на Уставот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

