Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Ковачевски на негациите од Софија упатени на Илинден, отвора сомнеж дека тој веќе го прифатил бугарскиот наратив
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/вмро-дпмне-2.jpg)
Втор ден како Ковачевски, Османи и Маричиќ се кријат од јавноста после навредите и понижувањето кое дојде од Софија.
Бугарскиот претседател и бугарскиот премиер, што би се рекло целиот државен врв кај нашиот источен сосед го бугаризираше Илинденското востание, го престави како борба на Бугарите за слобода, како фаза до приклучување на Македонија кон Бугарија, вели во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека ова е отворена негација на македонската историја и (не)скриен иредентизам. Ова е историскиот наратив од Бугарија кој сакаат да го наметнат во духот на добрососедството и кој е услов за нашиот евроинтегративен пат. Ова е показател дека уставните измени кои ги пропагира власта на Ковачевски не се единствен и последен услов, туку после ќе следат уште многу други, а евроинтегративниот пат кој го застапува Ковачевски е слепа улица.
-Ковачевски и неговата Влада најмалку што треба да направи е да реагира на бугарските провокации за Илинден, освен ако не се согласиле на ваквите бугарски дефиниции за бугарски карактер на Илиденското востание. Не не изненадува веќе ништо од Ковачевски. Кога толку силно се залага за позициите на Бугарија, можно е и ова да го прифатил, велат од партијата.
Според нив, овие нови пораки од Софија се потврда зошто не треба да се случат уставните измени под бугарски диктат без сериозни институционални гаранции на европските институции за перспективноста на прстапниот пат на Македонија и за долговековниот македонски јазик историја и идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.