Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На лагите на Арсовска дека не должи на приватните превозници им дојде крајот, да излезе пред јавноста и да се извини
„Арсовска ја замајуваше јавноста и лажеше дека нема долг на ЈСП кон приватните превозници, а потоа откако ја тужеа, долгот се плати и со судска пресуда се констатираше дека има и долг за затезни камати и судски трошоци.
Во судската пресуда, се констатира долг на ЈСП од над еден милион евра кон приватните превозници и дека тој долг Данела Арсовска, на рати го исплаќала кон приватниците.
Во судскиот документ се пресудува и дополнително исплаќање на затезни камати, казни и судски трошоци, во износ од еден и пол милион денари.
После ова, се разобличија сите лажни тврдења на Арсовска, дека не им должи на приватните превозници, по што граѓаните на Град Скопје со месеци беа блокирани, се случуваше хаос во градот, а градскиот превоз тотално крахираше.
Данела Арсовска, да не се крие, бидејќи е должна пред скопјани, да се извини и да одговори:
Зошто свесно лажеше за долгот кон приватните превозници?
Зошто со своите постапки, директно дозволи да се блокира Скопје со месеци?
Зошто го оптовари градскиот буџет, за плус милион и пол денари, кои сега треба да ги платат граѓаните“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

