Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Не успеа обидот на власта да ја обвини ЕУ за сопствениот неуспех, ниту ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за националните интереси

Не успеа обидот на власта да ја обвини ЕУ за сопствениот неуспех, ниту ВМРО-ДПМНЕ за недоволна борба за националните интереси. СДСМ во изминатиот период додека се подготвуваше да ги распродаде националните интереси имаше две цели. Првата да ја обвини ЕУ дека е виновна за лошата состојба во која се наоѓа Македонија, и втората да го обвини ВМРО-ДПМНЕ преку нивните инсталации во опозицијата дека недоволно се бори за македонските национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ повеќе години водеше хајка против ЕУ, а најеклатантен пример беше нападот врз поранешниот Француски амбасадор во Македонија, г. Тимоние.
Од партијата наведуваат дека власта преку свои инсталации во опозицијата и платен полусвет се обиде да прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ недоволно се бори за националните интереси и дека треба да биде порадикална. А, истовремено самото СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека е радикално.
И двете цели на власта не успеаја. Народот го препозна предавството. Но и дека никој од надвор не е виновен за предавствата кои ги прави СДСМ, туку самото СДСМ, т.е. Заев, Пендаровски, а сега со нив и Ковачевски.
СДСМ преку предавството сакаат да се спасат и да се одржат на власт ден повеќе, а истовремено кревајќи димна завеса дека тие што се против нивното предавство одработуваат за трети држави.
Фактите се поинакви. А тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ е првата проевропска партија во Македонија која ги стави темелите и на независна Македонија, со стремеж за сопствена држава, кога сегашното СДСМ се плашеше да помисли на независност. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е проевропска партија, а СДСМ се лажни европејци. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за европска Македонија, но достоинствена, а не понижена. Патот до неа е преку референдум, од кој власта очајно бега, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело.
„Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособнста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано?“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата бара директорот на АХВ ведаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Огласот на Лотарија е кроен по лицето на 8888.бг на Васил Божков Черепот, бугарски мафијаш, кој од неодамна се наоѓа во притвор, а е познат по голем број криминали и сомнежи за убиства. Груби сака да ја направи Македонија партнер во бизнисите со Черепот. Черепот е проблематичен по повеќе основи, како поради неговите криминални дејанија, така и по неговите блиски врски со Москва и Пригожин. Бугарските медиуми го квалификуваат како човек на Пригожин, а Груби го мести за партнер на државата во бизнисот со игри на среќа“, се вели во утринското соопштение на партијата.
Македонија
Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а претежно во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.