Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Потврдена е коалицијата меѓу СДС и Арсовска, заедно работат на дефокус од скандалите на дезертерот Ковачевски
Клептоманите од дезертерскиот СДС секој ден ја потврдуваат новата коалиција со уценетата Данела Арсовска. Веќе станува очигледно дека Арсовска има задача да одработува за дезертерот Ковачевски, да дефокусира од секојдневните скандали, од неспособноста и катастрофалната енергетска и економска состојба во која се наоѓа државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата веќе не ја ни кријат. Заемно си помагаат затоа што имаат големи бизнис-интереси и мерак за матни зделки. Поддршката што СДС ѝ ја дава на Арсовска се гледа и преку скапата кампања и билбордите што ѝ ги плаќаат во време на криза, додаваат од партијата.
Во услови кога немаат дела, својата неспособност ќе ја покриваат со манипулации и лаги. Парите и енергијата што ги трошат против ВМРО-ДПМНЕ, да ги насочеа кон граѓаните, ќе донесеа барем некаков бенефит.
Нека им е со среќа соработката, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

