Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По 20 години, победа во првииот круг во бастионот на СДС, Струмица, и во 33 општини
„Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица. Уште во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков го освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ.
Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг.
ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини.
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.
Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште важен еден момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана.
Ова се историски резултати ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во прв круг во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали.
На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

