Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија нашиот предлог да се расправа за градбата на модуларните болници

Објавено пред

Пратениците од владејачкото мнозинство го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментираат дека власта се плаши од вистината.

„СДС – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред сè поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Заев, Филипче и Хасани се главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Времето во наредните денови

Ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Ѓорче Петров денеска без вода

Објавено пред

РЦУК – Скопје известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-400 на Лука Геров 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани, општина Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Објавено пред

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор.

Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор меѓу граѓаните, со акцент на уставните измени како механизам за реформа на политичкиот систем или моделот на организација на власта, заради решавање на општествени проблеми од различен карактер.

Во фокусот беше македонскиот устав и неговите 36 амандмани од 1992 до денес.

Гордана Сиљановска – Давкова оцени дека, нашиот устав, иако формално-правно се вбројува во цврстите устави, често се менуваше, а промените најчесто беа диктирани однадвор, а не се креирани одвнатре, добивајќи карактер на уставен инжењеринг, а не на реформски процес во интерес на граѓаните.

Исто така, претседателката укажа на непочитувањето на процедурата за уставни измени, со што се нарушува легитимноста на новите решенија.

Најпроблематично за Сиљановска – Давкова е што “sui generis” уставните решенија ги слабеат институциите, граѓанинот и граѓанското општество, а ги јакнеат етничките водачи како арбитри во општеството.

Според претседателката, ние имаме насушна потреба од пристојна, модерна држава и демократски, функционален политички систем, сличен и компатибилен со европските.

На предолгиот пат кон Брисел, обременет со препреки врзани за идентитетски прашања, коишто, според европскиот конституционализам не може да бидат услов за евроинтеграција, ние најчесто бевме туркани во уставни измени коишто не водат напред, туку не враќаат назад, закотвувајќи не во ирационални историски ровови.

Гордана Сиљановска – Давкова, преку цитирање мислења на Венецијанската комисија, членови од основачките акти на ЕУ, пресуди на Судот за човекови права од Стразбург, одредби од уставите на други држави, ставови на професори по Уставно и Меѓународно право укажа на правната и политичка проблематичност на Преговарачката рамка и Заклучоците на Европскиот совет за нас, посочувајќи дека преку политичка и/или правна интерпретација, во духот на европското право треба да се надмине status quo состојбата во која се наоѓаме, без да бидеме втурнати во нов чин на уставен инжењеринг, губејќи ја енергијата на политичка ревизија на историјата, наместо на Копенхашки реформи!

Претседателката одговори на бројни прашања, поставени од студенти, колеги и амабасадори, по што следеше дебата со македонските студенти и професори во Словенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 секунди

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува...

Македонија2 минути

Делови од Ѓорче Петров денеска без вода

РЦУК – Скопје известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-400 на Лука Геров 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од...

Спорт8 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт8 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет9 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура9 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет10 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт10 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...