Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага пратеници да можат да бидат лица само со македонско државјанство

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи пратеници во македонското Собрание да можат да бидат лица кои имаат само македонско државјанство. Тоа би се регулирано преку изменување и дополнување на Законот за пратеници.

Предлогот за законски измени се случува откако бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, објави дека дел од пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ наводно имале бугарски пасоши, што подоцна беше демантирано од страна на опозициската партија.

„За да ги прекинеме димните завеси коишто ги крена најдобриот пријател на Зоран Заев, Каракачанов, којшто шири лажни вести, ред е да заврши времето во кое Заев ги донесе македонската политика и македонските политичари до потсмев.  Од таа причина, поднесуваме предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше меѓу споменатите од Каракачанов.

Тој образложи дека измените во предлог-законот се во два члена и тоа во условите за избор на пратеници каде што додаваат нов член во кој е наведено дека „за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на Република Македонија“.

Овој предлог-закон го потпишаа сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Опозицијата ги повика пратениците од СДСМ и од другите политички партии да го поддржат  законското решение за да се стави крај на темата и во наредниот период изборот на пратеници да биде од лица коишто ќе имаат само македонско државјанство.

 

Најново

Забава11 минути

Холивудскиот актер ослабе 90 килограми, многумина не го препознаа на фотографијата

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема...

Забава20 минути

Луис Хамилтон објави фотографии со Ким Кардашијан и покажа како го поминуваат летото

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1...

Македонија27 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија29 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија36 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ43 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника48 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника55 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника58 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...