Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сигурна иднина во Македонија ќе обезбеди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
На Република Македонија ѝ е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од партијата преку соопштение. Оттука велат дека владата на Социјалдемократскиот сојуз во својот мандат обезбедила сигурна сиромаштија.
„Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат. Ова што СДСМ им го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.
СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. На Република Македонија не ѝ е потребна уште една влада како минатата за граѓаните да осиромашат“, наведуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

