Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе го соопшти ставот за референдумот

Објавено пред

Во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе каже дали ќе учествува на референдумот или не. Ова беше соопштено по средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со генералниот секретар на НАТО,Јенс Столтенберг.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава. Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање“, соопштија од партијата.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кои се од суштествено значење за граѓанинот.

„Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, велат од партијата.

Македонија

(Видео) Спасовски: Има подобрување на безбедноста, тоа го кажуваат и граѓаните

Објавено пред

Безбедносната состојба во Валандово е стабилна и поволна, како впрочем и на целата територија на државата. Имаме подобрување на безбедноста, а тоа го кажуваат и граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица Валандово, повикувајќи се на последната анкета на ОБСЕ според којa 75 отсто од граѓаните се изјасниле дека се чувствуваат безбедни.

Во полициската станица Валандово, министерот разговараше со раководството, но и вработените, за прашања што ја засегаат работата и делокругот на задачи на полициската станица, а тема на разговор биле и условите за работа на полициските службеници.

„Во изминативе година и половина, јас и актуелното раководство на министерството презедовме низа конкретни активности за подобрување на статусот, на материјално-техничките и инфраструктурни услови за работа на полициските службеници. Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна – само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник“, рече Спасовски.

Министерот кажа дека за набавка на нови униформи предвидени се нови, околу 200 милиони денари, а предвидено е и зголемување на платите за пет проценти.

Посочи оти за 2019 година предвидени се 70 милиони денари и за реновирање на полициските станици, а меѓу предвидените објекти за реконструкција е и полициската станица во Валандово.

На средбата со градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, беше констатирано дека соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа во Валандово е одлична, но се разговараше и за сегменти каде таа може да биде уште подобра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Поддржувачите на договорот се на вистинската страна од историјата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека оние го поддржуваат договорот за името се наоѓаат на вистинската страна од историјата.

Во изјава за француската новинска агенција АФП, Димитров изрази верување дека и оние кои во моментов го критикуваат преспанскиот договор, најпосле ќе го променат ставот.

Министерот предупреди дека доколку ЕУ не ги почне преговорите за членство со Македонија, ќе има пад на кредибилитетот на целиот пристапен процес.

Македонскиот парламент го ратификуваше договорот на 11 јануари, а доцна вечерва се очекува договорот да биде ратификуван и во грчкиот законодавен дом. Според пишувањата на грчките медиуми, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го има обезбедено потребниот број гласови за договорот да добие зелено светло.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Поповски: Концептот за медиумска писменост е еден од начините за борба против лажните вести

Објавено пред

Mинистерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во хотелот „Холидеј ин“ учествуваше на дебата за перспективите на истражувачкото новинарство во организација на Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфо-центар.

Дебатата, на која учествуваа новинари, медиуми и претставници на нивните здруженија и невладини организации, опфати две панел-дискусии, а беа презентирани резултати од мониторингот на медиумите за квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарство во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија, за периодот од 2016-2018 година.

Во презентацијата беше споменато дека за последните три години најголем процент на истражувачки стории бил забележан во последните три години. Во овие новинарски стории доминирале темите од политиката и економијата, а најзастапени биле анализите за државните институции.

Министерот Поповски, кој учествуваше во првиот дел, на дебатата, кој беше фокусиран на прашањето „Дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена“ подвлече дека за разлика од претходната пракса, актуелната Влада обезбеди услови за гласност за секое прашање од важност за граѓаните, што е еден од предусловите за истражувачките стории кои бележат долгорочен тренд на пораст.

Оценувајќи ја дебатата како исклучително квалитетна поради учеството на професионалци во медиумската сфера, министерот Поповски истакна дека таа може многу да придонесе за развојот на новинарството вклучително и истражувачкото новинарство.

„Верувајте мене лично не ме задоволува овој процент. Да, можеби и во светски рамки, 5,6 пати поголема застапеност е задоволителна, но мислам дека на Македонија ѝ треба многу повеќе. За таа работа своја улога и одговорност има Владата и институциите, но и новинарската професија, медиумските работници и медиумската индустрија“, подвлече Поповски констатирајќи дека само заедничката соработка и укажувањата на слабостите и на едната и на другата страна можат да доведат до подобрување на информираноста на граѓаните и остварување на интересот на јавноста во една демократска држава.

Министерот Поповски истакна дека на врвот на политиките на актуелната Влада е концептот на отворена влада, која максимално ги поддржува сите идеи за концептот за медиумска писменост како еден од начините за борба против лажните вести.

Тој додаде дека Владата го укина надоместокот за добивање информации и документи од јавен карактер, кои сега секој може да ги добие бесплатно во електронска форма на дигитален носач или преку електронска пошта, со што се олеснува работата на новинарите со слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство.

Како поддршка на истражувачкото новинарство и сториите ги наведе и достапноста на „Алатката за јавните трошења на владините функционери“, доставувањето на увид на јавноста на 21 документ од министерствата, е-порталот и внесувањето на најголем број од сугестиите на медиумските работници во новиот текст на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Заробената држава, сериозно ги има оставено ефектите кај некои луѓе од администрацијата, кои се плашат да комуницираат. И тоа е менување на политичката одлука. Огромна обврска и наша и ваша е да ни укажувате секаде каде има проблеми за да можеме брзо да реагираме бидејќи детектирањето е многу попрецизно кога доаѓа од ваша страна“, подвлече министерот Поповски. Тој додаде дека Владата колку што е можно повеќе ја намалува улогата на владините регулативи во медиумските реформи, останувајќи и понатаму посветена на силна и целосна поддршка кога е во прашање саморегулацијата и подигањето на професионалните стандарди.

Истакнувајќи дека секоја влада што се декларира како демократска и прогресивна ќе најде секогаш начини и можности да ги помага и јакне капацитетите на истражувачките новинари, секогаш водејќи сметка да не ја помине црвената линија што ја гарантира нивната слобода и независност, министерот Поповски посебно се осврна на поддршката која Владата ја дава за вмрежувањето на истражувачките новинари во регионални, европски и глобални мрежи, како дел од настојувањата да се истражуваат криминалните меѓународни мрежи за сите видови криминал, особено оној во кој се вмешани политички функционери.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Поповски, ги повика сите медиумски работници да учествуваат во дебатите што се однесуваат на потребите од регулации на одредени прашања за кои сметаат дека е потребно, како и да се изјаснуваат јавно при донесувањето на законите што ја регулираат оваа сфера.

Во вториот дел од дебатата посветена на прашањето на „Отворени податоци: Придонесуваат ли базите на податоци кон подобрување на истражувачкото новинарство?“, заедно со новинари и претставници на граѓанските организации, свој осврт за можноста за користење податоци на новинарите во нивните истражувања даде министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија1 час

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија4 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион4 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија4 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија6 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет7 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет8 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи23 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија24 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие