Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски одлуки во општинските комитети, избрано е и претседателство на ветераните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донел повеќе кадрови одлуки во насока на реструктуирањето и катарзата што беше најавена од партискиот лидер Христијан Мицкоски. ИК донел одлука за избор на претседатели на општински комитети, како и членови на претседателство на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, а разговарал и за актуелната политичка и економска ситуација, состојбата во здравството, блокадата од Бугарија.
„Извршниот комитет водеше разговори и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19, каде што секојдневно има траурни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата, каде што секојдневно се бројат нови отпуштања“, се вели во соопштението.
За претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани:
· претседател на ОК НОВО СЕЛО – Петар Марков
· претседател на ОК СТРУМИЦА – Жан Дрвошанов
· претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ – Харис Ибраими
· претседател на ОК РАДОВИШ – Ванчо Ристов
· претседател на ОК ПРИЛЕП – Дејан Продановски
· претседател на ОК БОСИЛОВО – Мито Андонов
· претседател на ОК ПЕХЧЕВО – Александар Китански
· претседател на ОК БОГДАНЦИ – Марјан Пеев
· претседател на ОК КОЧАНИ – Митче Стојков
· претседател на ОК ПРОБИШТИП – Марјан Миленковски
· претседател на ОК ДОЈРАН – Ѓорѓи Граматиков
· претседател на ОК ДЕЛЧЕВО – Сашко Ивановски
· претседател на ОК БЕРОВО – Столе Каракутовски
Според одлуката на Извршниот комитет, членови на претседателство на Унијата на ветераните се:
Мане Јаковлевски, Слободан Анастасовски, Драган Димишков, Љупчо Трпевски, Ѓорѓи Илиевски, Мирослав Тасевски, Драган Василевски, Бранко Момировски, Ѓорѓи Малковски, Живко Ристески, Александар Бичиклиски, Илија Шаторот, Сашо Наковски, Златко Милошевски, Ламбе Арнаудов, Душко Ѓорѓиев, Милан Кузев, Сашо Дранго, Борис Јанев, Ванчо Каранфилов, Марија Кирова, Ристо Ѓоргиев, Дејан Цветковски, Митко Антовски, Симо Илиевски, Владо Ѓорески и Андон Чибишев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град“, велат од УХМР.
Според најавите, од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
Во Скопје, утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
ЦУК: Четири активни пожари во Македонија, 2 под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 2 се под контрола, а9 се изгаснати.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Под контрола: 2
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)
Изгаснати се пожарите во Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга и Студеничани.
Македонија
(Видео) Избувнаа повеќе нови пожари – „Во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро“, вели Михаилов

Попладнево низ повеќе делови од Македонија се појавија нови пожари, откако претпладне беше стабилизирана состојбата на теренот.
Надлежните институции реагираат со интервенции на копно и од воздух.
Информации објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам!
Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 тина минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража!
Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово!
Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари!
После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.
Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС!
Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите!“, напиша Михаилов на ФБ.