Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судските пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев
Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев, реагираат од опозициската партија откако СДСМ претходно најави разрешување на судиите кои намерно ќе застаруваат предмети.
„Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција. Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта. Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот. Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ која заврши со смртни последици. Велат дека ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство да добие правда на своја страна.
„Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега. Но, за жал, ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда. Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

