Македонија
ВМРО-ДПМНЕ формира Патриотски институт кој ќе го води Александар Пандов
ВМРО-ДПМНЕ синоќа на седница на Извршниот комитет донела одлука за формирање Патриотски институт на партијата што ќе го води Александар Пандов. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој е долгогодишен член и поранешен вршител на повеќе партиски функции.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ именува и нови 14 претседатели на општинските партиски комитети:
1. ОК Конче Ацо Митов
2. ОК Валандово Дејан Бошков
3. ОК Демир Капија Александар Галапчев
4. ОК Росоман Тихомир Николов
5. ОК Могила Драган Саботковски
6. ОК Кривогаштани Виктор Деспотовски
7. ОК Долнени Дејан Змејкоски
8. ОК Демир Хисар Никола Најдовски
9. ОК Охрид Сашо Донев
10. ОК Дебарца Саше Силјановски
11. ОК Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски
12. ОК Пласница Луме Адемоглу
13. ОК Јегуновце Димитар Костадиновски
14. ОК Тетово Ангел Карапетров
Исто така, именувани се и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека кадровските одлуки се дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Велат дека кадровските освежувања ќе продолжат и во периодот што следи.
На вчерашната седница беше потврдена и одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата што ќе се одржи утре во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

