Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје
„Расипникот Шилегов и СДСМ оставија долг од 160 милиони евра на Град Скопје.
Градот е до гуша во долгови, и затоа единствено виновен е Шилегов и СДСМ. Само по основ на идни обврска по склучени договори како доспоени и недоспеани обврски има 58.140.165 евра.
Договорите кои ги склучил Шилегов не се единствениот проблем. Дополнително отпочнал постапки за склучување на договори по јавни набавки во висина од 11.377.052 евра.
Раскалашеноста на Шилегов и СДСМ се гледа и по 7 договори за заем во висина од 32 милиони евра.
Вкупно по сите основи Шилегов на градот му оставил давачки во висина од 158.196.797 евра.
Дополнително покрај сите овие долгови, Шилегов ги потрошил и парите од продажбата на градската куќа, за кои уште не знаеме каде завршиле. Шилегов и СДСМ не работеле за скопјани, туку за неколку приватни џебови“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони евра ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска
Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари, тврда од Левиџа.
„Левица вчера објави дека членката на ДКСК, Цвета Ристовска, свесно и намерно, иако законски била должна, од анкетниот лист ги изоставила фирмите на своите синови. Станува збор за две активни компании, БУСТ МЕДИА ДООЕЛ и БУСТ ДООЕЛ увоз-извоз, формално регистрирани за „маркетинг“. Тие во ниту еден момент НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ во анкетниот лист на антикорупционерката Ристовска, документ кој треба да гарантира целосна транспарентност токму кај оние што одлучуваат за корупција, санкции и одговорност. Причината зошто овие фирми биле скриени од анкетниот лист станува повеќе од јасна кога ќе се погледнат финансиските текови. Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари“, велат од партијата.
Според Левица, сликата за оваа мрежа станува уште поалармантна ако се има предвид дека токму финансиските извештаи на политичките партии за изборните циклуси се доставуваат и до ДКСК, која треба да утврдува неправилности и сомнителни трансакции.
„Со други зборови, Цвета Ристовска, која претходно ги прикрила фирмите на своите синови, треба да проверува дали милионските приливи од партиската каса на ДПМНЕ кон фирма на нејзиното најблиско семејство се законски и коректни“, велат од Левица.
Оттука, додаваат од партијата, воопшто не треба да нè изненадува што истата таа Цвета Ристовска не се иззема ниту во постапката за одлучување по дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски, стекната на универзитет каде таа самата била ангажирана како предавач.
Македонија
Мицкоски со честитка до помалиот син: Понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија
„Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија“, напиша премиерот Христијан Мицкоски, во честитката до помалиот син, објавена на социјалните мрежи.
„Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија. Бог да ја благослови Македонија!“, посака Мицкоски.
Македонија
Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации – ReLOaD3
Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3).
Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.
Приоритетни области за проекти:
Заштита на животната средина и климатски промени;
Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи;
Млади и младинско учество во заедницата;
Креативни уметности и културен развој;
Повикот е отворен од 30.01.2026 до 27.02.2026
Исто така, ќе се одржат инфосесија, обука и менторска поддршка за сите заинтересирани организации.
Сите детали, услови и потребната документација може да ги најдете на следниов линк.
Општина Аеродром ги охрабрува сите заинтереси да аплицираат и заеднички да се придонесе за развојот на нашата заедницата.

