Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски нелегално ги трошел народните пари за субвенции за фирми блиски до партијата
Ексминистерот Љупчо Николовски давал под закуп земја на фирми блиски до СДСМ, ја дозволувал нивната нелегална работа и го оштетувал буџетот кој се полни со пари на граѓаните, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.
Владејачката партија тврди дека на фирмата ДЗС Илинден и се давале субвенции иако договорот за закуп бил раскинат.
„Во 2019 година е започнат спор за неплатен закуп за три години, односно за 2017, 2018 и 2019 година. Во овој период Дон Николовски го толерирал должникот. Неплаќањето се констатира од надлежните во 2021 година кога се носи Изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп на земјоделско земјиште. Изјавата е потврдена со правосилна пресуда на Апелациски суд, Скопје.
И покрај фактот што Министерството за земјоделие носи Изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп, не ја почитува понатамошната процедура, односно реализација на Изјавата.
Поради неизвршување на законските надлежности и обврски од страна на Министерството, поточно да спроведе постапка прво, за бришење од единствениот регистер на земјоделски стопанства, и второ, некоординација со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, му овозможува на закупецот и по раскинувањето на договорот за закуп истиот да може да зема пари, односно субвенции.
Прво, ДЗС Илинден спротивно на член 14-а од Закон за земјоделство и рурален развој не е евидентиран на листите за должници. додека имал право да го користи договорот од страна на МЗШВ, во време кога Љупчо Дон Николовски е министер.
Второ, спротивно на член 15 од истиот Закон, Министерството не го избришало договорот за закуп од единствениот регистер на земјоделски стопанства кој е основ за апликација за субвенции и така фирмата нелегално добила 13 милиони денари или нешто над 200 илјади евра во период од три години или од 2021 заклучно со 2023 година.
Нерегуларностите се случуваат во период кога Николовски е вицепремиер во владата за борба против корупција и добро владеење. Значи тој ја дозволувал корупцијата.
Заклучок, Николовски доделувал неосновано, односно спротивно на закон субвенции во огромни суми. Или, според веќе познатите информации, Арекспорт неосновано земала половина милион евра субвенции, а ДЗС Илинден земала исто неосновано околу 200 илјади субвенции“, се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

