Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венециската комисија, изјави пратеникот Драган Данев.

„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венециската комисија јасно потенцира дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики. Почитувањето на препораките на Венециската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејперот на Франција, според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата, бара и почитување и имплементација на кажаното од Венециската комисија. Забелешките на Венециската комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, кои ние како партија ги поднесовме уште пред една и пол година кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце“, рече Данев.

Тој го повика владејачкиот СДСМ да ги поддржи амандманите.

Исто така, додаде тој, власта треба да се охрабри и да ги прифати и предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за гласање закон за забрана за амнестија на политичари, како и забрана за занимавање со политика на лица што биле амнестирани.

„Заев се плаши и да прифати закон за утврдување потекло на имотот на политичарите кои преку ноќ стекнале огромни богатства. Доколку Зоран Заев има барем малку чест и храброст, тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Христијан Мицкоски за измени во Законот за изборите и воведување кандидат мандатар, со што претендетот за премиер нема да може по избори, да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политиката“, рече Данев.

Македонија

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската Комисија, оствари средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен.

На средбата на која премиерот Спасовски го придружуваше и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен го честиташе донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и сите други реформски закони донесени пред распуштањето на Собранието, и нивното усвојување го оцени како храбри одлуки на пратениците во Собранието, Владата и граѓаните на Република Северна Македонија.

Усвојувањето на овие, како и на сите претходни реформски закони што ги донесоа Владата и Собранието на Северна Македонија, се импресивни во остварувањето на реформите и ги исполнуваат високите очекувања што ги постави Европската Комисија, беше речено на средбата.

Во продолжение на средбата стана збор за извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата на почетокот на март 2020 година, и дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата на Северна Македонија.

Премиерот Спасовски на средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ја истакна посветеноста на Владата во спроведувањето на реформските потфати, и во имплементацијата на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија, кои се од посебна важност за иднината на државата.

Тој нагласи дека Владата, Собранието и граѓаните направија се што требаше за краток период и дека сега очекуваат, во скоро време, ЕУ да ги донесе вистинските одлуки за почеток на преговорите според новата методологија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за правда:Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се на потег

Објавено пред

„Во изминатиот период, Министерството за правда интензивно работеше на отстранување на сите законски и системски пречки на патот на правдата преку усогласување на законите со европската регулатива. Денеска, можеме со сигурност да кажеме дека имаме закони со европски стандарди со чија доследна имплементација, правосудството може да си го врати угледот и довербата во јавноста“, соопшти Министерството за правда.

Како што се наведува во соопштението, остварувањето на заложбите за правда почнуваат со создавање на законска рамка, но за нивен успех неопходна е имплементација на тие закони и интегритет на оние кои ги имплементираат, а тоа се судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и сите вработени во правосудството.

„Во градењето на законската рамка, Министерството за правда тргна од Стратегијата за реформи на правосудството донесена во 2017 година. Досега, донесени се десетина закони кои создаваат солидна правна основа, меѓу кои најзначајни се Законот за јавното обвинителство, Законот за Судскиот совет и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, како и измените и дополнувањата на Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за судови.

Создадовме можност за независна, ефикасна, транспарентна и професионална работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и ефикасни постапки за одговорност на судии и јавни обвинители за нестручно и несовесно вршење на работата. Ги заостривме критериумите за избор на судии и јавни обвинители. Обезбедивме основи за квалитетот и ефикасноста на судиите да се мерат објективно, според бројот на решени предмети, бројот на обжалени пресуди, бројот на потврдени пресуди, причините за укинување на пресудите и времетраењето на судските постапки. Предвидовме и постапка за одговорност на член на Судскиот совет.

Со новодонесениот Закон за јавното обвинителство овозможуваме продолжување на сите започнати постапки, воведовме гаранции за независноста на јавното обвинителство и зголемена ефикасност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Создадовме гаранција за спречување на манипулацијата со АКМИС системот кој во минатото се злоупотребуваше за избор на подобни судии кои ќе работат на конкретни предмети. Со новиот Закон за управување со движењето на предметите во судовите и Законот за судовите предвидовме основ за разрешување на судии и претседател на суд ако предметите не се доделуваат по случаен избор преку АКМИС. Создадовме правен основ и за сличен систем за распределба на предмети по случаен избор и во рамки на Јавното обвинителство.

Тргнувајќи од сето ова, очекуваме сите институции во рамки на правосудството да ја имаат предвид својата улога во градењето на систем на владеење на правото, почитување на човековите права и напредувањето на патот на евроинтеграцијата.Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се сега на потег“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерката за правда нема да учествува на маршот на СДСМ

Објавено пред

Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш, соошти Министерството за правда, чиј ресор го води Рената Дескоска.

Во Скопје се одржува „Маршот за правда“ во организација на владејачкиот СДСМ.Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Северна Македонија, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и Заев.Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија31 минута

СДСМ маршира за правда во Скопје

Вечерва во Скопје почна „Маршот за правда“ во организација на владејачкиот СДСМ.Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Северна Македонија,...

Македонија3 часа

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ3 часа

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија4 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија5 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија6 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија6 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет8 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ8 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет9 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет9 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет10 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија22 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија23 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија1 ден

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија1 ден

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Досие