Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи членови за техничка влада без да го гласа Џафери, на СДС е да одбере дали ќе ги крши законите и ќе го загрози изборниот процес
Мачно е да се гледа како Ковачевски буквално го моли ДУИ да му стане партнер на наредните избори. На добар пат е Ковачевски и Заев да ја претопат СДС во Социјадемократски сојуз на ДУИ. Дали тоа го договараа на средбата Заев, Ковачевски и Ахмети, каде единствено со тефтер за запишување на мудрите идеи дошол Ковачевски.
Ваквото политиканство е штетно.
Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДС е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги открива намерите за загрозување на изборниот процес. ВМРО -ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици согласно законот за техничка влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. Правото не познава предлози за министри со „празно место”, Влада не се гласа поединечно, туку во целина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

