Македонија
Воведен еднонасочен режим на улицата Партениј Зографски на Водно
Општина Центар започнува со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата Партениј Зографски во населбата Водно.
„Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста на дел од улиците, денеска се започнува со градежните активности за поставување сообраќајната сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата Партениј Зографски, на потегот од крстосницата со улицата Тодор Александров до крстосницата со улиците Питу Гули и Ацо Караманов“, соопшти Општина Центар.
По поставувањето вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата Партениј Зографски, Општина Центар ќе почне со обележување на хоризонталната сигнализација и освежување на боите на улиците во овој дел од Центар.
„Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците и велосипедистите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни при изведбата на градежните активности во овој дел на градот“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

