Македонија
Во Битола свечено доделување на оштинската награда „4 Ноември“

Во салата на Центарот за едукација на ФИКТ во Битола, денеска, свечено беа доделени општинските награди „4 Ноември“.
Претседателот на Советот на Општина Битола, воедно и претседател на Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“, Валентин Груевски, ги образложи одлуките на Управниот одбор за годинешниот избор на наградените.
Годинава, наградата за животно дело ја доби Петар Георгиев – Калица.
Општинската награда „4 Ноември“ за 2020 година им е доделена на Митревски Димитар и Тодоровски Благојче, меѓународен судиски пар, Лидија Тфирст-Митревска, директор на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Македонското научно друштво – Битола, доцент доктор Владимир Рендевски, специјалист неврохирург, и на Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“.
Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, која им ги врачи наградите на добитниците, истакна дека денешниот ден има посебно значење за градот.
„Оваа година, на 76. година од виорењето на слободарското знаме, е поинаква од сите други. Овде сме помалобројни, во поинаква форма на чествување поради околностите со кои се соочува не само нашиот град, нашата држава, туку и целото човештво. Денес, повеќе од која и да е друга прослава што сме ја имале, свесни сме колку значи заедништвото, колку многу вреди творењето, колку повеќе исполнува создавањето. Свесни сме дека само со верба едни кон други, со почит кон професионализмот, кон стручноста, кон дисциплината, можеме да ја премостиме оваа здравствена криза“, порача градоначланичката Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе биде пример за домашните судови како да постапуваат во однос на загадувањето, пишува „Дојче Веле“.
„Секоја вечер Струга мириса на запалена депонија! Дишеме отрови, а институциите молчат“, вели струшкиот адвокат и граѓански активист, Глигорие Ќатоски, којшто изминатиот период тропнал на повеќе врати со барање одговор, но и конкретни мерки од институциите во Македонија против загадувањето во градот во којшто живее и работи.
„Поднесовме и писмена пријава во Општина Струга, МВР и Државниот инспекторат за животна средина, со која баравме да се утврди кој е точно изворот на загадувањето – дали е предизвикано од човечки фактор или атмосферски влијанија и кои конкретни мерки се планира да бидат преземени од страна на надлежните“, вели тој за ДВ, потенцирајќи дека жителите во градот на Дрим заслужуваат да дишат чист воздух.
Ова не е прв аларм за загадувањето во градот, каде изминатиот период се бараше чаре или од чадот на дивата депонија, или од палењето на трските, или пак од пожари во планинските места. Граѓаните постојано алармираат, но велат дека наидуваат на ѕид на игнорирање, не само од општината, туку и од надлежните органи, како Министерството за животна средина.
Целиот текст на линкот.
Прочитај и: Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)