Контакт

Македонија

Во болниците во земјата се лекуваат 608 ковид-пациенти

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово – 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 35 пациенти, во Прилеп – 33, во ковид-центарот во Гостивар – 17, а во Струга – 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 22 пациенти, во Кочани – 2, во Кичево – 15, Кавадарци – 21, во Гевгелија – 4 лица, а во Дебар – 11 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Македонија

Почина новинарот Драган Ристов, ја изгуби битката со коронавирусот

Објавено пред

Новинарот Драган Ристов ја загуби битката со коронавирусот.

Тој беше хоспитализиран на Клиниката „Жан Митрев“ и за неговото лекување се собираа финансиски средства.

Ристов почина на 47-годишна возраст поради сериозни компликации од коронавирусот.

Тој беше татко на две деца и дологогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во општина Штип.

На македонската јавност ѝ е познат по тоа што секоја година беше одговорен и за прес-конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

Прикажи повеќе...

Македонија

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Валандово и Демир Хисар по 3, Свети Николе, Берово и Кратово по 2 и еден во Македонски Брод.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија по 10, Штип и Струмица по 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4, Кочани и Крушево по 3, Кичево и Кратово по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија.

Пријавени се вкупно 11 починати лица – 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63 и 39 години), по 2 пациенти од Кавадарци (77 и 71 година) и од Неготино (77 и 63 години) и по еден пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.519 теста преку: ИЈЗ – 818, ЦЈЗ Скопје – 75, „Авицена“ – 308, „Биотек“ – 306, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ – 306, лабораторија „Лаор“ – 248, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 21, лабораторија во болницата во Козле – 18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.056, УК Пулмологија со алергологија – 2 и ГОБ „8 Септември“ – 15.

Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Според досега завршените епидемиолошки анализи ова е статистиката по градови. За секој град првин се наведени бројките на нови случаи, а потоа и вкупниот број активни случаи:

Скопје 360, активни 3.988
Куманово 51, активни 349
Прилеп 66, активни 704
Тетово 26, активни 254
Гостивар 18, активни 159
Штип 12, активни 105
Велес 30, активни 243
Кавадарци 44, активни 539
Битола 9, активни 188
Охрид 25, активни 428
Струмица 33, активни 182
Струга 5, активни 168
Кочани 16, активни 100
Кичево 6, активни 44
Неготино 54, активни 305
Гевгелија 22, активни 255
Свети Николе 2, активни 21
Крива Паланка 20, активни 126
Ресен 4, активни 50
Дебар, активни 17
Делчево, активни 65
Радовиш, активни 10
Берово 2, активни 28
Пробиштип 6, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 35
Крушево 8, активни 81
Богданци 11, активни 62
Кратово 2, активни 26
Демир Хисар 3, активни 25
Македонски Брод 1, активни 5
Демир Капија 4, активни 30
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1

Прикажи повеќе...

Македонија

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

Објавено пред

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски.

Пред 25 дена тој беше уапсен во Софија, а денеска бугарските власти го испорачаа на граничниот преми Деве Баир. Од таму го презеде македонското МВР и го спроведе во затворот „Идризово“.

При преземањето на гриничкиот премин имаше засилено полициско присуство. Постапката за екстрадиција ја водеше Министерството за правда, а кога, по потерница од МВР, бегалецот Игор Спасов беше уапсен во соседна Бугарија. Тој треба да доиздржи затворска казна од седум години и три месеци во „Идризово“, според веб-страницата на МВР.

За Спасов имаше меѓународна потерница повеќе од една година за доиздржување на затворската казна.

Тој беше пуштен од затворот „Идризово“ на лекување со одлука на штипскиот суд поради лоша здравствена состојба во 2018 година. Кон крајот на септември 2019 година од затворот беше испратено известување до судот дека Спасов не се јавил на доиздржување на затворската казна.

Спасов беше уапсен на почетокот на февруари во софиската населба Младост од страна на бугарската полиција по добиена пријава за семејно насилство. По неговото пронаоѓање, беше известена Македонија, а Министерството за правда за осум дена испрати барање за екстрадиција со сите придружни документи.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Казната затвор ја издржуваше од 2011 година.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата. До сега резултати од неа нема.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Регион12 часа

Србија викендов делумно се затвора, рапиден скок на новозаразени од Ковид-19

Заврши седницата на кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од...

Македонија14 часа

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија14 часа

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија17 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија17 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ18 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ19 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион19 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа20 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет20 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија20 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион20 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет20 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа21 час

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет21 час

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет1 ден

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија1 ден

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет1 ден

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет2 дена

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Досие