Македонија
Во вечерните часови во текот на викендот се очекуваат врнежи од дожд

Вечерва и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, поради што снежната покривка ќе се зголеми, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од таму додаваат дека во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.
„Под влијание на нов влажен бран, в недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 митри на квадратен метар“, се наведува во соопштението на УХМР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре делови од Скопје

Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија, известуваат од ЕВН Македонија.
Од таму информираат дека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без електична енергија ќе бидат корисниците од ул. Хаванска бр.3 и ул. Варшавска бр.9. ( општина Карпош )
Без електрична енергија во периодот од 09.00 до 13.00 часот, ќе бидат и дел од корисниците од ул. 5 во село Усје, како и објектот за деца со посебни потреби. ( општина Кисела Вода )
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, објектот на наплатната рампа Арнакија, како и корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ. ( општина Сарај )
Од 09.30 до 11.00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од село Свиларе. ( општина Ѓорче Петров )
И во периодот од 12.30 до 14.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од бул. Партизански Одреди, како и дел од корисниците од улиците Његошева и Софиска. ( општина Карпош )
Македонија
СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа подготвеност и капацитет за обезбедување на правдата за сите подеднакво, велат од владејачкиот СДСМ утрово преку соопштение.
„Правдата е најголемиот дебакл на потрчкото Мицкоски и за негова жал, правдата ќе ја има се повеќе и почесто. Мицкоски ги призна сите злодела на ВМРО-ДПМНЕ, тој по сопствено признание е единствен на браникот на криминалот и затоа е јасно зошто ја држи партијата во заложништво, само за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев“, велат од СДСМ.
Владејачката партија наведува дека одговорност за обидот за бегство на Мијалков мора да има и ќе има, но ќе има одговорност и за сите бивши и сегашни функционери од ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека поради истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков

Заев направи циркуз, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
Според партијата, бурната реакција на народот спречила Мијалков да избега, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, треба да си поднесе оставка веднаш.
„Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски два дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност. Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта, Спасовски и Заев. Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата очекува партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање избори, локални и парламентарни.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер