Македонија
Во групата во која бил Ковачев имало лица што се ризик за безбедноста, велат од Министерството за надворешни работи
Во групата со која на 6 мај сакал да влезе во земјата бугарскиот европратеник Андреј Ковачев имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик за јавниот мир и безбедност.
Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.
Од тука децидни се дека сензитивноста на процесот со уставните измени не остава простор за преземање и најмал ризик, кој би влијаел негативно на успешното спроведување на измените.
Се додава дека секој европратеник, кој ги почитува достоинството на државата и нејзините граѓани, е добредојден во Македонија.
Претходно денес, Ковачев порача дека потегот бил огромна грешка и побара објаснување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

