Контакт

Македонија

Во Дебар денеска гласаат болните и изнемоштени лица

Објавено пред

Во Дебар денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица, во пресрет на утрешното гласање за градоначалник во општината.

Во моментов се врши распределба на изборниот материјал за сите гласачки места, а според планираното, гласањето ќе почне на пладне.

Утре ќе се гласа на 27 гласачки места.

Македонија

„Екосвест“: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпадот од пластика

Објавено пред

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“ соопшти дека во целост го поддржува стапување на сила на одредбите за забрана за користење  пластични кеси за носење стоки на пазарот, која почнува со примена од денес.

„Ја поддржуваме одлуката да се преземат мерки за да се намали употребата на пластични кеси и очекуваме со правилно спроведување таа да има позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и микропластика. Исто така, со ваквата одлука очекуваме да се овозможи и понатамошен развој на циркуларната економија, со што ќе се стимулира селекција на отпад кога ќе се создаде соодветна инфраструктура за тоа“, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на „Екосвест“.

Таа додаде дека ова е само првиот чекор во борбата со пластичното загадување, па очекуваат во блиска иднина да се пристапи и кон регулирање на другите производи од пластика за еднократна употреба, како цевки, чаши или прибор за јадење.

Истовремено, „Екосвест“ апелира до трговците и мрежата на супермаркети во своите продажни мрежи да стимулираат користење  хартиени кеси и платнени торби за повеќекратна употреба, а повикува и на доследно спроведување на забраната за употреба на пластика за еднократна употреба во националните паркови и заштитени подрачја која исто така стапува на сила од денес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гаши пред средбата со Заев рече дека нема да разговараат за кадровски решенија

Објавено пред

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде на денешната лидерска средба со Зоран Заев.

Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“.

На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде што ќе се одржи средбата.

За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и минатиот пат, помина покрај новинарите и рече:

„Нема да дадеме изјава. Ќе има соопштение“.

И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена.

Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на средба со Донфрид: Како сојузници во НАТО ќе ги зајакнеме односите во безбедноста

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, во Рига оствари билатерална средба со помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Северна Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

„САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји“, истакна Османи.

Соговорниците заемно ги оцениле билатералните односи меѓу двете земји како исклучително блиски, засновани на стратешко партнерство и соработка и се договориле во претстојниот период посветено да работат за натамошно унапредување на дијалогот и соработката во сферите од заемен интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија56 минути

Гаши пред средбата со Заев рече дека нема да разговараат за кадровски решенија

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде на денешната лидерска средба со Зоран Заев. Без никакви детали околу тоа што...

Македонија1 час

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија3 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија4 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет5 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија6 часа

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија6 часа

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа7 часа

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија19 часа

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија20 часа

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион20 часа

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет20 часа

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија23 часа

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија24 часа

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ1 ден

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија1 ден

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа1 ден

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Досие