Македонија
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид центарот на Неврологија двајца. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.
Вкупно 479 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

