Македонија
Во ковид-центрите во Скопје примени 42 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 499 болни

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 499 лица, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив е на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија – 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести – 14 пациенти, а на ОРЛ – 27 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 161 пациент, а во Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.
„И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 30-ина слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.