Македонија
Во ковид – центрите во Скопје се лекуваат 440 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 45 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид – центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни.
„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во текот на утрешниот дена ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети“, соопшти МЗ.
Од таму велат дека сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Македонија
Ѓорѓиевски го честита празникот Водици
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.
„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.
Македонија
Сиљановска-Давкова му подари Невестински колан од Галичник од 19.век на момчето што го фати крстот во Охрид
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.
Претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води. Таа му подари Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.

Во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, Петар Чакарески, од претседателката како подарок доби Пафта, Невестински колан, од Битола од 19. век, со желба за здравје, радост и благосостојба.
Сиљановска–Давкова истакна дека Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето.

