Македонија
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваaт вкупно 360 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„На интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден“, информираат од ресорното министерство од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома биле пуштени 7 оздравени пациенти.
Од вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

