Македонија
Во Македонија 20 починати и 106 новозаразени од 761 тест
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирање, а регистрирани се 106 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 72, Куманово – 4, Штип – 2, Прилеп – 5, Тетово – 3, Битола – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 6, Струмица – 5 и по еден во Радовиш, Кочани, Берово и Ресен.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 603 оздравени пациенти од Скопје – 230, Куманово – 24, Дебар – 5, Штип – 18, Прилеп – 51, Тетово – 8, Струга – 30, Велес – 20, Битола – 26, Охрид – 54, Кавадарци – 27, Гостивар – 14, Гевгелија – 11, Струмица – 8, Радовиш – 8, Кочани – 10, Пробиштип – 5, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 2, Пехчево – 7, Берово – 4, Кратово – 3, Свети Николе – 4, Кичево – 7, Ресен – 3, Неготино – 20 и двајца од Виница.
Починати се 20 лица, четворица пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77 години), еден од Куманово (65), еден од Дебар (68), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81 година), двајца од Битола (84 и 69 години), еден од Охрид (55), еден од Кавадарци (81), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67 години), еден од Крива Паланка (82), еден од Крушево (49), еден од Валандово (64) и двајца од Неготино (66 и 80 години). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 36.375, активни 10.757
• Куманово 4.775, активни 473
• Дебар 641, активни 114
• Штип 3.316, активни 208
• Прилеп 4.261, активни 462
• Тетово 4.788, активни 810
• Струга 2.062, активни 296
• Велес 2.780, активни 443
• Битола 3.053, активни 485
• Охрид 2.468, активни 463
• Кавадарци 2.163, активни 487
• Гостивар 3.402, активни 506
• Гевгелија 1.177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.326, активни 588
• Крива Паланка 635, активни 121
• Радовиш 626, активни 99
• Крушево 167, активни 73
• Кочани 1.609, активни 193
• Пробиштип 450, активни 35
• Демир Хисар 237, активни 35
• Македонски Брод 220, активни 23
• Пехчево 156, активни 25
• Берово 503, активни 46
• Валандово 313, активни 50
• Виница 448, активни 60
• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 12
• Свети Николе 1.043, активни 82
• Кичево 1.578, активни 203
• Ресен 654, активни 140
• Неготино 1.039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 761 теста се преку: ИЈЗ – 172, ЦЈЗ Скопје – 45, Биотек – 15, МАНУ – 54, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR-метода – 274, ГАК-30, ЈЗУ (рапид тест) – 1, УК Пулмологија со алергологија-4. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Подготвени сме за избори кога и да се одржат
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата е подготвена да настапи на парламентарни избори кога и да се одржат – годинава, следната година, па дури и на редовните избори во 2028 година.
Филипче посочи дека работа е на премиерот да каже што мисли, но оцени дека, поради, како што рече, катастрофалното водење на државата, убеден е оти ќе има предвремени парламентарни избори.
Според него, не е важно дали изборите би се одржале на пролет, на есен или кон крајот на годината, бидејќи СДСМ е подготвена за изборен процес во секое време.
Македонија
Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога општеството ќе биде зрело за тоа.
Филипче истакна дека слободната волја на граѓаните и фер изборите не смеат да бидат предмет на политички пазар, нагласувајќи дека се неопходни суштински реформи по европски стандарди, особено во областа на правосудството.
Според него, дури кога реформските закони ќе бидат донесени, целосно имплементирани и ќе почнат да се применуваат во судството, обвинителството и полицијата, ќе се создадат услови за укинување на техничката влада.
Филипче нагласи дека СДСМ ќе поддржи исклучиво реформи што ја движат државата кон европските стандарди.
„ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат, нивната соработка ни е позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Не сме на пазар. Наша обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, истакна Филипче, додавајќи дека во овој момент не постојат услови за укинување на техничката влада.
Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со лидерите на политичките партии изјави дека постигнале согласност за укинувањето на техничката влада.
„Се согласивме за техничката влада дека треба да замине во минатото. Имаше предлог од еден од лидерите да се консултира меѓународниот фактор. Од една страна сакаме да бидеме дел од европското семејство, а од друга страна сакаме да имаме техничка влада. Во ред, еве нека има техничка влада и на наредни избори како што сака СДСМ, но од тие натаму да нема“, рече Мицкоски.
На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче не присуствуваше.
Македонија
ДУИ за една изборна единица со праг од 5 проценти, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека партијата се залага за една изборна единица со изборен праг од пет проценти и со отворени листи.
Во однос на иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката, односно Пржинската влада, Ахмети рече дека е потребна дополнителна консултација со Европска унија и Соединети Американски Држави, како коавтори на моделот.
Во врска со измените на Изборниот законик, Ахмети посочи дека ДУИ ги презентирала своите предлози и дека прашањето останува отворено за понатамошни дискусии.
Околу изборот на Народен правобранител, Ахмети изјави дека побарал дополнителни консултации, нагласувајќи дека не бил обезбеден потребниот консензус. За законите за „Сејф сити“, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, Ахмети рече дека координаторите на пратеничките групи треба да изнајдат решение.
За останатите прашања, како што наведе, било договорено тој дополнително да се сретне со премиерот Мицкоски.

