Македонија
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се обрати пред унгарските дипломати
Претседавач со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, денес се обрати пред Амбасадорскиот совет на Унгарија, кој е во организација на Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија.
Носечка тема на излагањето беа предизвиците и соработката во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, во насока на што поскорешно постигнување мир и стабилност на европскиот континент.

Османи ја искористи можноста пред највисоките унгарските дипломати да ги претстави перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на Северна Македонија изразувајќи благодарност за исклучителната соработка меѓу дипломатиите на двете земји, особено од аспект на поддршката од страна на претставниците на унгарската дипломатија за нашите предизвици, извести МНР.
Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот Османи оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, каде што беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, поддршката за нашите европски интеграции, како и сојузништвото во рамките на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

