Контакт

Македонија

Во Скопје 1.876 активни случаи, најмногу во Чаир и Аеродром

Објавено пред

Во Скопје во моментов како активно заразени се водат 1.876 лица.

Во последното деноноќие, регистрирани се 52 новозаболени во главниот град, а вкупната бројка во земјата за 24 часа изнесува 128.

Според податоците по општини, најмногу заразени има во Чаир – 265 и Аеродром  – 207. Во Гази Баба бројот на активни случаи изнесува 193, а во Кисела Вода 183. Зад нив е Карпош со 164 активни случаи, Центар – 150, Бутел – 133, Ѓорче Петров 129 и Шуто Оризари – 120, Сарај – 109.

Двоцифрен е бројот на заболени во Студеничани – 93, Арачиново – 36, Илинден – 23, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 22, Зелениково- 7.

Осум лица во главниот град се странци, а 2 се водат како нераспределени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за Влада, сите опции се отворени

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во идните денови ќе се разговара со сите политички партии за состав на нова Влада, а за 10 до 15 дена очекува да има исход од преговорите. Тој кажа дека коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада со ДУИ, Алијанса и Алтернатива, но додаде дека тоа зависи од отстранување на национализмите, прочистувањето на правосудството, проверка на имотот и капиталот на секој еден функционер којшто е избран и кадровскиот потенцијал.

„Сите опции се отворени во преговарачкиот процес.Ќе разговараме за влада која е решена и којашто ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа. Секој ќе ја носи својата одговорност, без разлика дали е познат или непознат, експерт, функционер. Особено внимание ќе посветиме на проверката на потеклото на парите и капитал и прочистување на судството. Еко држава ќе биде една од најсериозните теми на која ќе се посветиме. Идните чинители во идната Влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Владата за која ќе разговараме ќе води грижа за најсиромашните граѓани, ќе даваме поддршка на економскиот сектор. Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори, поставени на сериозни принципи кои ќе донесат Влада којашто ќе движи напред. Влада посветена на економијата и правдата. Влада којашто ги отвора преговорите за членство со ЕУ, Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја“, рече Заев.

Од денеска членови на партиите ќе имаат состаноци со сите партии од албанскиот политички блок, а Заев кажа дека на првите средби не се очекува напредок во преговорите.

„Очекувам дека за 10 до 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме сите македонски институции во полн капацитет за да може да се справуваат со најголемиот предизвик- Ковид-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болници, нова борба за јавното здравје и економскиот напредок. Не чека двојно повеќе и подобра работа со ангажман на секој од нас“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петмина починати и 75 новозаболени од ковид-19 во земјава

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4946, активни 1342
• Куманово 1094, активни 255
• Дебар 206, активни 117
• Штип 876, активни 434
• Прилеп 333, активни 51
• Тетово 1064, активни 222
• Струга 458, активни 176
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 275, активни 68
• Кавадарци 81, активни 61
• Гостивар 495, активни 287
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 38, активни 22
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 24
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 37, активни 31
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 23, активни 19
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 228, активни 142
• Кичево 177, активни 109
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Систина со PCR метода -115, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-5.

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 167
• Аеродром – 152
• Бутел – 87
• Гази Баба – 133
• Центар – 110
• Карпош – 112
• Сарај – 62
• Кисела Вода – 153
• Ѓорче Петров – 93
• Студеничани – 47
• Шуто Оризари – 112
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 7
• Странец – 5
• Нераспределен- 8

Прикажи повеќе...

Македонија

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Објавено пред

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав.

Седницата беше прекината по изгласувањето на извештајот од Верификациската комисија, а продолжението ќе биде веројатно кога ќе бидат познати коалициите меѓу партиите, односно кога ќе се обезбеди парламентарното мнозинство. Тогаш ќе се избираат претседатели и потпретседатели на Собранието. До изборот на нов претседател со седницата ќе претседава претседателот во заминување, Талат Џафери.

Претседателката на Верификациската комисија, Јагода Шахпаска, посочи дека сите членови едногласно се согласиле да им се верифицираат мандатите на сите 120 пратеници.

„Разгледувајќи го извештајот од ДИК за предвремените парламентарни избори, Комисијата утврди дека тие се спроведени во согласност со решението за спроведување на изборите. Комисијата констатира дека нема основ за оспорување на изборот на ниеден од 120-те пратеници. Верификациската комисија предлага да им се верифицираат мандатите на сите пратеници“, рече Шахпаска.

На следната седница треба да се избере и нов владин состав, кој треба да биде составен од парламентарното мнозинство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за Влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во идните денови ќе се разговара со сите политички...

Македонија9 минути

Петмина починати и 75 новозаболени од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија47 минути

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија1 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија2 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет3 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион4 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ4 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет6 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет6 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа7 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија18 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион18 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија20 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ22 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија22 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија23 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет23 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија1 ден

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Досие