Македонија
Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија
На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков.
Главна тема на коалицискиот совет се односите со Северна Македонија, пишува Бугарското национално радио (БНР).
Се очекува премиерот Кирил Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје.
Самиот Петков најави свикување на состанокот на коалицијата при посетата на Рим и Ватикан во пресрет на 24 мај. Тој потоа посочи зошто би се заложил претседателот да се сретне со сите страни претставени во парламентот:
„Форматот на коалицискиот совет е многу важен. И ова ќе го прашам од моја гледна точка и ќе разговараме со коалициските партнери, но ни треба поширок консензус и затоа опозицијата мора да биде информирана“, образложи Петков.
Вчера, пак, ИТН ја потврди својата цврста позиција – нема повлекување од позицијата на Бугарија.
„Ние само ќе ги сослушаме за што се состануваат со оглед на тоа што овој став е јасен – и на претседателскиот советодавен совет, и во рамковната позиција на Бугарија и со декларација од 44. Народно собрание, па можеби ќе се запознаеме со нешто ново што не го знаеме. Ќе бидам претставник на МНР, па ќе видиме што ќе кажат. Нашиот став е јасен“, рече Станислав Балабанов.
Се очекува да се разговара за барањата на ДБ и БСП за презентирање програма за управување на кабинетот со јасно дефинирани мерки и рокови за нивна реализација.
Пред коалицискиот совет владејачките партнери влегоа во спор за тоа како да се прдвижи билатералниот процес за изнаоѓање компромисно решение со Северна Македонија.
Предлогот на претседателот на пратеничката група на демократска Бугарија:
„Тоа е – не само ние да очекуваме нешто од Скопје туку и ЕК да преземе некои гаранции во преговарачкиот процес дека нашите очекувања – легитимни, поврзани со критериумите од Копенхаген за Северна Македонија – ќе бидат дел од преговарачката рамка. Всушност, тоа ќе ги зголеми нашите шанси да го добиеме она што го очекуваме од нашите сограѓани“.
Овој предлог го доведе во прашање претседателот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски:
„Немам чувство дека Комисијата е подготвена да даде такви гаранции и би прифатила да биде гарант за реализација на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

