Македонија
Во Штип акција за отстранување нелегално поставени објекти
Локалните власти во Штип апелираат до граѓаните на општината навремено и целосно да ги отстранат неовластено поставените објекти (гаражи, гулабарници, шупи и сл.), доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од страна на комунална инспекција.
„Доколку споствениците не ги отстранат овие бесправно поставени објекти во предвидениот рок, Општина Штип со ЈП ‘Стипион’ ќе изврши отстранување на истите, со што сопствениците ќе имаат дополнителни трошоци кои ќе им бидат фактурирани на нивна сметка во износ од 12.500 денари по ценовникот на ЈП ‘Стипион’“, се наведува во соопштението на општинските власти.
Исто така сопствениците на овие неовластено поставени објекти, ќе бидат санкционирани и со мандатен платен налог од страна на комуналната инспекција во износ од 50 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

