Македонија
Врховен суд му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска
Врховниот суд му ја зголеми затворската казна на возачот кој во 2015 година ја прегази студентката Фросина Цековска на булеварот Партизански одреди во близина на Универзалната сала. Тој првично беше осуден на 6,5 години, по што Апелација му ја намали казната на три години, за сега Врховниот суд да му ја зголеми на четири години.
Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од три години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.
„Овој предмет се однесува на сообраќајната незгода што се случи на 3.4.2015 година на булеварот Партизански одреди во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило ‘хонда прелуде’, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место“, соопштија од Јавното обвинителство.
Од таму наведуваат дека направените сообраќајни пропусти кои се причина за сообраќајната незгода опфатиле умисленост во дејствијата на обвинетиот, односно било утврдено присуство на алкохол во крв и пречекорување на дозволената брзина за управување со возилото, па согласно тие пропусти обвинителството ја определи и правната квалификација за кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

