Контакт

Македонија

Втора доза вакцина вчера примиле 8.837 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека прва доза вчера примиле 3.109 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани.

„Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Објавено пред

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално.

„СДСМ има квалитетни кадри кои што можат и Зоран Заев и било кој да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие приметивте стана банално ова целото сите овие денови“, одговори Заев на новинарско прашање дали значи дека во СДСМ нема кој да го замени затоа што пред некој ден изјавил дека нема да поднесе оставка како морална одговорност за несреќата за да не дојде Мицкоски на власт.

Според Заев, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.

„Истрагата да заврши да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.

Прикажи повеќе...

Култура

Јапонија ни донираше над 600.000 евра за набавка на музички инструменти и техничка опрема во Националната опера и балет

Објавено пред

Во фоајето на НУ Национална опера и балет (НОБ) денеска се одржа прес-конференција по повод реализацијата на проект од јапонската програма за развој на културата во висина од 79.800.000 јапонски јени (663.000 евра) што во целост беше финансиран од Владата на Јапонија, а беа набавени музички инструменти за музичарите, опрема за озвучување и осветлување за потребите на Националната опера и балет.

Координацијата и испораката на оваа донација како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) и Министерството за култура. Во својство на национален координатор за странска помош, вицепремиерот Димитров нагласи дека Јапонија е традиционален пријател и донатор на Северна Македонија во повеќе области, а со овој проект се продлабочува културната соработка помеѓу двете земји.

„Јапонија е земја на инспирација и иновација, што географски е далечна од нас, но со поддршката од јапонската Влада, посветеноста и подготвеноста за соработка на Амбасадата и Јапонската агенција за меѓународна соработка, успешно се реализираат проекти преку кои се зближуваат нашите граѓани. Со овој проект во областа на културата верувам дека врските помеѓу двете земји дополнително ќе се зајакнат, како пример за глобално поврзување“, истакна Димитров.

На прес-конференцијата се обрати и јапонскиот амбасадор Н.Е. Савада Хинорори којшто истакна дека во рамките на Иницијативата за соработка со Западен Балкан, Јапонија е сериозно посветена во поддршката за Северна Македонија кон одржлив економски и социјален развој, клучен за интеграцијата во Европската Унија. Тој посочи дека од 2001 година навака, ова е втор грант што Јапонија го доделува на Северна Македонија во полето на културата, имплементиран од страна на ЏАЈКА: „Освен за подобар перформанс на Националната опера и балет, би сакал оваа културна размена да придонесе и за размена на уметници“- заклучи амбасадорот Савада.

Заблагодарувајќи се за донацијата, во таа насока и министерката за култура Ирена Стефоска посака што поскоро на сцената на НОБ да настапат нашите и јапонските уметници: „Оваа донација ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката, па дозволете ми, вредноста на оваа донација да ја опишам со три збора – мотив, квалитет, аплауз“ – додаде министерката Стефоска.

Претставникот на ЏАЈКА за овој регион Такеичи Џиро го изрази своето задоволство од оваа соработка со која се потврдува желбата за културна размена и поврзување.

Директорот на НОБ Васо Ристов се заблагодари на сите вклучени страни за успешната реализација на овој проект што претставувал голем предизвик за целиот тим, но отвара нови можности за соработка и унапредување на квалитетот на изведбите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Објавено пред

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода Шахпаска.

Состојбата во градинките, министерката ја оцени како стабилна.

„На реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња, рече Шахпаска.

Минатата недела бил напраен вонреден инспекциски надзор кој покажал дека протоколите се почитуваат и поради тоа нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри кои...

Македонија19 минути

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија2 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет5 часа

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Македонија20 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет20 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија21 час

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија24 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Досие