Македонија
Газдата на „Де Лукс-ауто“ тврди дека никогаш нема дадено донација на СДСМ
Сопственикот на фирмата „Де лукс-ауто“ – Куманово, Бобан Спасовски, во допис до медумите тврди дека не е член на ниту една политичка партија, дека неговата фирма опстојува веќе десет години на пазарот и дека има високо реноме за услугите што ги врши.
,,Што се однесува до донациите, фирма ‘Де Лукс-ауто’ никогаш нема дадено донација на партијата СДСМ, како што се презентира во јавноста. Износот од 12 000 денари што се споменува е попуст на дадена услуга при сервисирање возила, што како фирма го даваме и на други општествени и стопански субјекти.
Одговорно тврдам дека на сите јавни набавки сме учествувале единствено од економски причини и дека други причини нема и нема да има. Никаде немаме направено пропусти во процедурата за спроведување на јавните набавки, па затоа ги повикувам сите надлежни институции да ја проверат исправноста на постапките каде имаме учествувано. Сè со една цел да се прекинат овие инсинуации и небулози од страна на определени политички субјекти“, се вели во дописот.
Спасовски смета дека на тој начин ќе го заштити својот личен интегритет, како и интегритетот на своето семејство и вработените на оваа фирма, која важи за една од посериозни од оваа област во Р Македонија и пошироко.
,,Сакам да истакнам дека оваа нема да ме спречи со сите регуларни средства да продолжам да се борам на пазарот во областа во која ‘Де лукс-ауто’ има свој интерс. Професионалноста на нашите услуги ќе ја задржиме и понатаму, без разлика која политичка партија е на власт”, вели Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

