Македонија
Гаши и Илир Мета разговарале за државните односи и положбата на Албанците во регионот
Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од потпретседателот Лулзим Алиу, денеска престојувал во официјална посета во Република Албанија, каде што бил примен од албанскиот претседател, Илир Мета.
„На овој братски состанок се разговараше за меѓусебните државни односи, за положбата на Албанците во регионот, како и за продлабочување на меѓуалбанската соработка како национална должност“, информираат од партијата.
Гаши му заблагодарил на Мета за досегашната соработка и изразил подготвеност да помогне во зајакнувањето на овој дух. И претседателот на Република Албанија, Илир Мета, му се заблагодарил на Гаши за посетата истакнувајќи дека таквата меѓуалбанска и меѓудржавна комуникација не треба да изостанува ниту во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

