Македонија
Гаши се сретна со заменик министерот за исламски прашања на Саудиска Арабија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со Авад Ал Анзиј Бин Сибтиј, заменик-министер за исламски прашања на Кралството Саудиска Арабија, кој предводи делегација во посета на земјава.
На средбата присуствуваа и пратениците од Собранието, Аднан Азизи и Салим Сулејмани, како и претставници на ИВЗ, вклучително со Реиз ул Улема Шаќир Фетаи.
Соговорниците се осврнаа на односите меѓу двете земји, кои се оценети како пријателски, со заедничка посветеност за нивно продлабочување. Исто така, беше заклучено дека има голем простор за динамизирање на економската соработка.
Посакувајќи му добредојде на заменик-министерот Авад Ал Анзиј Бин Сибтиј, претседателот Гаши истакна дека оваа посета е значајна за негување на билатералните односи.
Соговорниците се осврнаа на можностите за почести дипломатски размени и посети на парламентарно ниво за развој на билатералните односи.
Се разговараше и за можностите за подобрување на образовната размена, како и за важноста на културната соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и добра волја.
Во делот на конзуларната соработка, беше нагласена важноста од олеснување на патувањата за граѓаните на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

