Македонија
Гаши – Јиан: Билатералните односи со Кина во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина.
Посакувајќи му добредојде во законодавниот дом од името на пратениците, претседателот Гаши истакна дека и покрај географската оддалеченост, билатералните односи остануваат срдечни и продолжуваат да се развиваат во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка.
Тој ја повтори посветеноста на државата на принципот на „Една Кина“, односно признавањето на Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на кинескиот народ и признавањето на Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија.
Понатаму, претседателот Гаши информираше дека парламентарното мнозинство останува цврсто фокусирано на реализација на клучните стратешки цели кои се непроменети од нашето осамостојување, односно напредок кон отворање на преговори за полноправно членство во Европската Унија.
Двајцата соговорници се сложија дека иако соработката на билатерално ниво дава опипливи резултати во широк спектар на сектори – има простор за продлабочување на односите во областа на туризмот, културата и трговската размена. Беше нагласен и континуираниот придонес на Кинеската амбасада во Скопје за развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Исто така, беше потенцирано дека Пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, која се формира во Собранието во сите досегашни мандати, е форум за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски и размена на мислења за сите аспекти на законодавната работа меѓу меѓу двете држави.
Генералниот директор за европски прашања му врачи на претстедателот Гаши честитка од неговиот хомолог, Џао Леџи, претседател на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“
„Во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси, и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија. Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис мрежите“, рече Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Граѓаните ќе видат, зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки, јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче. Зошто оваа Телевизија делува како политичка алатка на ВМРО? Зошто Жан Митрев беше искористен?
Ништо не е случајно. Прво да видиме кој стои зад Алфа ТВ? Петер Шац, унгарски медиумски бизнисмен и човек од тесниот круг на Виктор Орбан. Преку компанијата CHS Invest Group, Шац контролира 57% од „Алфа Скоп ДОО“, фирма – стопроцентен сопственик на телевизијата.
Контролата ја презема во 2017 година – токму во периодот кога Орбан започнува агресивна експанзија на своето медиумско влијание на Балканот.
Петер Шац е познат по блиските врски со Виктор Орбан и неговата партија Фидес, при што неговите медиумски активности често се користат за промоција на агендата на Орбан, вклучувајќи ширење пропаганда и финансиски трансакции кои биле под истрага поради сомнежи за перење пари.
Пред тоа, Алфа била во сопствеништво на српски бизнис-структури, меѓу кои и групацијата Comtrade на Веселин Јевросимовиќ – човек со документирани релации со Александар Вучиќ и СНС.
Континуитетот е очигледен: сопствениците се менуваат, политичката линија останува иста.
Орбан е поврзан со бизнисите на Шац, но особено е важна врската со Хабоњи и поддршката за Груевски (на кому Орбан му даде азил).
Во 2020 година, Шац беше обвинет за даночна измама во Северна Македонија поради непријавување на приход од 190.000 евра во неговата компанија CHS Invest Group.
Истражувањата на ИРЛ и Oštro покажаа дека таканаречените „рекламни договори“ (маслиново масло, сувенири, онлајн продавници без реален пазар) биле користени како механизам за трансфер на милиони евра кон медиуми под контрола на Шац.
Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка, сопственост на Давор Мацура, банкар близок до Вучиќ, отвора сериозни прашања дали истиот механизам (банки – реклами – медиуми – политичко влијание) повторно се активира, овојпат преку српско-унгарска оска, во услови кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
Не е случајно што кујните на ВМРО, порталите како Плусинфо.мк и Експрес.мк се преплавени со реклами поврзани со Алта.
Дури и логото на Алфа и Алта банка се слични, сменети во иста година.
Дали сега се појасни навредите и нападите кои доаѓаат од Бетмен, Героски, Ивона Талеска?
Сега доаѓаме и до Жан Митрев. Човекот кој токму на Алфа ТВ започна црната кампања и јавен линч против Претседателот Филипче со изнесување на лаги.
Освен што беше обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти во неговата клиника, кои други активности го поврзуваат Жан Митрев со оваа оска?
Тим на болницата „Жан Митрев“ ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“ во Будимпешта во 2025 година.
Финансиран преку македонскиот државен фонд за здравство.
Еден од тимовите-учесници на овој турнир е Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Киниши е вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија.
Да појасниме, Орбан е познат по својата опсесија со фудбалот – тој е поранешен играч, голем фан и го користи спортот како дел од својата политика.
Ништо не е случајно. Прашање е дали кога бил во Будимпешта Жан Митрев сретнал со својот драг пријател Никола Груевски, голем помагач на неговата болница уште од самото основање?
Колку средства добил од буџетот на Фондот за здравство во 2025 година?
Дополнително Жан Митрев Клиника учествувала на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад (одржан од 27 до 29 ноември 2025 година. Добила и награда за „придонес кон иновациите и професионалниот пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“.
Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, како дел од Владата била поддржувач а наградата ја врачил македонскиот министер Зоран Љутков.
Нови Сад не е случајна точка на мапата. Со години градот беше под директна контрола на Милош Вучевиќ, долгогодишен градоначалник, претседател на СНС, поранешен премиер и денешен советник на Вучиќ за регионални прашања.
Токму таму се вкрстуваат интересите: саеми, бизниси, банки, здравствени институции, политички покровителства. Таму се доделуваат награди, се градат „регионални партнерства“ и се цементираат неформалните врски меѓу владејачките елити.
Не случајно што е формирано и здружението „ВМРО-ДПМНЕ Србија“, предводено од Марјан Јованоски, поранешен дипломат и кадар од времето на Антонио Милошоски. Ова не може да се чита изолирано.
Во комбинација со блиските односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СНС, станува јасно дека станува збор за регионално политичко позиционирање, а не за културно здружение.
Доаѓаме до заклучокот за оваа политичка, бизнис и медиумска оска – Орбан-Вучиќ-Мицкоски.
Алфа телевизија не е „само медиум“. Таа е политички проект.
Проект кој произлегува од пропагандна матрица, финансиран преку сомнителни шеми, со документирани врски со политичка и бизнис структура на оската Орбан-Вучиќ-Мицкоски.
Постојаните црни кампањи, нападите врз опозицијата, врз СДСМ антиамериканските и анти-ЕУ наративи не се „грешка на новинар“. Тие се директен производ на сопственичката, финансиската и политичката структура зад медиумот.
Како и во времето на Груевски, Алфа повторно функционира како центар за црни кампањи, јавен линч и координирани напади, овојпат со регионална поддршка“, изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.
Македонија
Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос, премиерот очекува плодни резултати
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од денеска ќе учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
„Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
Зегин во духот на хуманоста и желбата за сплотеност повторно го поддржа големиот празник Богојавление (Водици)
Големиот Христијански празник Водици, Богојавление и оваа година беше поддржан од компанијата Зегин. Покрај минусните температури повеќе од 160 учесници беа пријавени на главната Скопска манифестација а истата се одржа и во останатите Скопски општини како и во градовите ширум цела држава.

Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе го следи здравје, среќа и бериќет низ целата година како и сите оние кои со голема храброст влегоа во светите води.

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди за преку 70 општини во земјата.

Со овој празник се заокружуваат дванаесетте „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници.

Компанијата Зегин посакува многу здравје, среќа, успех и мир на сите оние кои беа дел од манифестацијата, како и на нивните семејства.

ПР

