Македонија
Герасимовски: Го обновуваме паркингот на „Петар Поп Арсов“, обезбедуваме повеќе ред и подобри услови
Службите на општина Центар интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко.
Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни. По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење, извести Општината.

Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во рамки на караванот „Се гледаме во маало”, кои се соочуваат со хаотичната состојба при паркирањето и недостиг на паркинг-места, велат од Општината.

„Со уредувањето и обележувањето на овој паркинг-простор им излегуваме во пресрет на потребите на центарци, овозможувајќи организирано и поефикасно паркирање. Целта ни е да создадеме безбеден и уреден простор, со современи стандарди и подобра пристапност,“ рече градоначалникот Герасимовски.

Со овој зафат, Центар продолжува со инвестиции во подобрување на урбаната и комунална инфраструктура, се додава во соопштението на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

