Македонија
Герила акција: Скопските дрвја во синџири
О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на зеленилото, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
„Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух.
Во Градскиот парк во Скопје, симболично беа доцртувани забетонираните корења на дрвјата и ставени синџири. Со акцијата здружението ги повика надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата.



„Како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов има можност, но и должност, да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција. Шилегов неодамна изјави дека само 187 од над 1,000 заробени дрвја во Скопје биле под нивна наделжност, но дури и од нив градот во период од 6 месеци, ослободил само 20. Ефектот на една крошна од овие возрасни дрвја не се реплицира ниту со 100, ниту пак со 200 ново засадени“, велат од здружението.
Оттука додаваат дека според експертите од шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќе децениски, во моментов исклучително загрозени дрвја.
Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година завземаат вкупно 529 хектари односно 6 отсто од вкупната површина на градот, се наведува во студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

