Контакт

Македонија

Годишнина од смртта на Светлана Антоновска, основоположник на современата македонска статистика

Објавено пред

На денешен ден, пред три години во Скопје почина истакнатиот општественик, статистичарката Светлана Антоновска (1952-2016).

dobivaj vesti na viber

Антоновска е основоположник на современата македонска статистика – прв предводник на процесот на трансформација на македонската статистика и втемелувач на европските стандарди во македонскиот статистички систем, прв директор на македонскиот Завод за статистика по осамостојувањето на нашата држава.

Уште во 1986 година, кога за првпат е именувана за директор на македонскиот Завод за статистика, којшто тогаш функционира под раководство на Сојузниот завод за статистика задолжен за координирање на статистичкиот систем на југословенско ниво, Антоновска се истакнува со нејзините заложби за унапредување на статистиката во духот на европските стандарди, при што успева во рамки на дадените можности под сојузно раководство.

По осамостојувањето на нашата држава, Светлана Антоновска со целосна одговорност го презема предизвикот за трансформација и осовременување на македонскиот статистички систем и за вклучување на македонската државна статистика во европското и воопшто во меѓународното семејство на статистички институции. Нејзиното учество на Конференцијата на европските статистичари во Економската комисија за Европа, одржана во јуни 1993 година е прво официјално претставување на нашата држава во Обединетите нации, по обраќањето на претседателот Киро Глигоров во оваа меѓународна организација во април истата година. Со учеството на овој настан од историско значење за македонската статистика, Антоновска го има започнато долгиот и тежок пат за вклучување на нашиот Завод за статистика во европското и меѓународното семејство на статистички институции. И успева во тоа. За кратко време македонскиот Завод за статистика воспоставува соработка со повеќе меѓународни и европски статистички институции и организации, меѓу коишто се и Статистичката служба при Европската комисија – Евростат, Статистичката служба на Меѓународниот монетарен фонд, статистичките оддели на ФАО, ИЛО и други.

Под нејзино раководство, во 1994 година македонскиот Завод за статистика го спроведе и првиот меѓународно признат попис на населението, домаќинствата и становите по прогласување на независноста на нашата држава, спроведен според сите меѓународни норми и стандарди.

Со првата Глобална оцена за нашиот статистички систем, спроведена од Евростат во 2001 година, беа потврдени сите залагања да се усогласат националните со европските стандарди за статистика. Согласно таа оцена, уште во 2001 годин, Заводот за статистика, предводен од Антоновска, имаше капацитет за продукција на релевантни, навремени и точни статистики на ниво на просечна земја членка на Европската Унија, на полето на демографијата, економијата и во сите оние области од социјалната статистика за кои Заводот е одговорен. Во тој период нашиот Завод за статистика е регионален лидер меѓу националните статистички институции, а според институционалниот капацитет, во повеќе сфери е многу чекори понапред од другите институции во нашата држава. Но сепак, во јуни 2001 година Светлана Антоновска е разрешена од функцијата во Заводот, по што сè до пензионирањето работи во други институции.

Таа има објавено голем број научни трудови од областа на статистиката, а како меѓународно признат и потврден експерт беше и член на Меѓународниот институт за статистика (од 1996 година – во тој момент единствен статистичар во Институот од просторите на поранешна Југославија), Конференцијата на европски статистичари, Асоцијацијата на балкански статистичари, на која беше и потпретседател, итн. Основач е на Здружението на статистичари на Република Македонија.

За нејзините заложби во општествено-политичкиот живот и за нејзините достигнувања во науката, добитник е на голем број меѓународни признанија и одликувања, при што во периодот 2000-2001 година беше вброена и меѓу водечките интелектуалци на светско ниво. Во 1986 година е одликувана со Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда. За жал, нејзините постигнувања не се валоризирани со национална награда по осамостојувањето на нашата држава.

Во 2017 година беше објавена монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

Објавено пред

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.

dobivaj vesti na viber

Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија6 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ7 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија9 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија11 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија12 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија14 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија14 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија14 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија15 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија16 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија16 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија16 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија16 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет20 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет20 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет21 час

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет21 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа21 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет21 час

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...