Македонија
Град Скопје објави јавен повик за стипендии за средношколци со попречености
Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек реализацијата на проектот „Стипендирање средношколци со попречености, ученици во средните училишта на град Скопје“, со цел подигање на квалитетот на образованието на оваа категорија ученици.
Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на град Скопје, ќе се стипендираат 25 ученици со попречености од средните училишта на град Скопје.
Право на стипендија имаат кандидати што учат во средните училишта на град Скопје, а кои ги исполнуваат следниве услови: да се ученици со попречености кои имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој, да се државјани на Република Cеверна Македонија, да се жители на Скопје, да се редовни ученици во средно училиште на град Скопје, да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование имаат постигнат минимален просечен успех од 3,00, да се редовни ученици од II до IV година, кои во текот на средното образование имаат постигнато минимален просечен успех од 3,00, да не се корисници на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година, да немаат повторувано година во текот на своето образование, освен поради здравствени причини.
Висината на стипендијата за еден ученик ќе изнесува 3.000 денари месечно (нето-износ) во времетраење од 9 (девет) месеци за учебната 2020/2021 година.
Во постапката за доделување стипендии од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование за 2020 година, во изборот ќе влезат апликанти средношколци, кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 60 бода од вкупно 100.
Пријавите треба да се достават до Град Скопје преку пошта на адреса: бул. „Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје или во архивата на Град Скопје (барака 16), најдоцна до 24.9.2020 година до 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

