Македонија
Град Скопје помогна во чистењето на Клиничкиот центар
Градот Скопје во координација со јавните градски претпријатија спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје. Во рамките на оваа акција, екипите на јавните градски претпријатија во самиот склоп на комплексот ги метеа и ги миеја пешачките патеки, улиците и паркинзите, ги расчистуваа јавните површини од отпадоци, ги чистеа шахтите, сливниците и канализациската мрежа, ги кастреа гранките на дрвјата и го чистеа зеленилото.

Град Скопје соопшти дека иако нема обврска на чистење во рамките на Клиничкиот центар, сепак хигиената е врвен приоритет на градот, па затоа реши повторно да се вклучи и помогне во чистењето, а кога станува збор за здравјето на граѓаните, Град Скопје секогаш ќе стои на располагање со својата помош. Исто така, се повикуваат граѓаните совесно да ја оддржуваат и се грижат за хигиената во градот и да се вклучат во сите активности што ќе придонесат за почисто Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

