Македонија
(Видео) Град Скопје ќе набави нови 40 еколошки автобуси
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција информираше дека е почната постапка за набавка на нови 40 еколошки автобуси кои ќе произведуваат помалку ПМ10 честички од сегашните.
Како што кажа Шилегов, проектот е финансиран со кредит од Европската банка од 10 милиони денари, со нула проценти камата.
„Доколку сѐ оди по планот, на есен ќе биде распишан тендерот за овие 40 автобуси, а договор за истите ќе има до крајот на годината“, рече градоначалникот на Скопје.
Две третини од новите автобуси ќе бидат зглобни, на еден кат, а една третина ќе бидат единечни, исто така на еден кат.
Тој истакна дека големиот број автобуси што беа набавени од минатата власт не се еколошки подобни, брзо се расипуваат и не постои можност за сервисирање бидејќи нема овластен застапник.
„Граѓаните на Скопје го заслужуваат најдоброто и затоа Град Скопје ќе се потруди да им овозможи најсовремен јавен превоз“, рече Шилегов.
Градоначалникот истакна дека по набавката на новите автобуси оние најстарите кои се користат за замена на новите автобуси ќе бидат исфрлени од употреба и нема да има промена на цените на билетите.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

