Македонија
Maкедонците со бугарски пасош можат да се вакцинираат во Бугарија
Здружението Македонско-бугарско пријателство (МБП) од Скопје соопшти дека македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19 тоа можат да го сторат преку бугарската веб-страница за регистрирација.
Претседателот на здружението, Добре Митрев нагласува дека заинтересираните можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање.
За вакцинација во Бугрија потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија, вели Митрев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес со јачина 3.2 почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Мицкоски до пензионерите: Уживајте во зголемените пензии од 2.500 денари
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.
Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва преку видео обраќање на пензионерите им порача да уживаат во повисоките пензии кои од утре ќе се најдат на нивните сметки.
Македонија
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопшти МНР
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, рекоа од Министерството.
Денеска силен чад се издига над хоризонтот на јужен Либан откако израелските трупи го нападнаа јужниот град Сидон, на околу 45 километри јужно од Бејрут каде што загинаа најмалку 32 лица, соопштија либанските власти, додека во провинцијата Баалбек Хермел загина 21 лице, а најмалку 47 се ранети.
Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.