Македонија
Граѓаните ќе платат најмалку 600.000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав, вели партијата Левица
„Деновиве во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, досега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието“, вели партијата Левица.
„Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600 000 евра. Велиме ,,досега”, бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав.
Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани.
Ја потсетуваме јавноста дека на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, како член на истата, гласаше против доделување на апанажите.
Исто така, Левица уште во 2022 година поднесе Закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и Предлог – закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закона беа експресно одбиени од страна на широката буржујска коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ-ВЛЕН“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

