Македонија
Греби за еко скутер, вози BMW X1
Веб-страната www.loto.mk е адреса за нова бонус игра, а влезница за учество е недобитен инстант лоз „Еко скутер“.
Државна лотарија со задоволство најавува уште една, возбудлива, игра што нуди можност за осојување паричен бонус, а во игра се и две атрактивни возила BMW X1. Се учествува со недобитни инстант лозови „Еко скутер“, преку веб-страната ‒ www.loto.mk.
Со бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ сите недобитни инстант лозови од серијата под име „Еко скутер“ добиваат втора шанса за добивка. Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто преку веб-страната www.loto.mk ќе регистрира недобитен инстант лоз „Еко скутер“.
Чекорите за регистрирање недобитен инстант лоз се следните:
· Отворање свој кориснички профил на веб-страната на Државна лотарија ‒ www.loto.mk.
· Регистрирање недобитен инстант лозот „Еко скутер“ на страната на бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ со внесување два броја во отворените прозорци:
o 11-цифрен број (сериски баркод) што се наоѓа на задната страна на лозот и
o 8-цифрен број (контролен баркод) што се наоѓа на предната страна на лозот, под полето прекриено со заштитен слој на коешто пишува ‒ НЕ ГРЕБИ!.
Можноста за учество веше најавена во лото емијата на 30 октомври, а ќе трае заклучно со 23.3.2022 година.
Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, почнувајќи од 6.11.2022 год., во лото емисијата, ќе се извлекува по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои парична добивка. Секоја сабота, почнувајќи од 6 ноември, ќе се извлекува по еден од учесниците којшто регистрирал недобитен лоз „Еко скутер“ во период – од сабота 19:01 часот, заклучно со следната сабота (до 19:00 часот). Бројот на лозови што корисникот може да ги регистрира во тек на една седмица (едно коло од бонус играта) не е ограничен, Извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење, време за паметење и секако добивка.
Сите недобитни регистрирани инстант лозови „Еко скутер“ влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:
· Првото извлекување ќе се одржи на 8.1.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка од прво до десетто коло.
· Второто извлекување за BMW Х1, ќе се одржи на 19.3.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка (од 11-то до 20-то коло).
Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.
Со инстант лозот „Еко скутер“ имате можност да бидете еко и да бидете хумани, а доколку вашиот инстант лоз е недобитен, може да добиете паричен бонус или да возите BMW Х1.
Повеќе податоци на www.loto.mk
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

