Македонија
Грковска – Саразин: Поддршката од Германија за европската перспектива на Северна Македонија е знак на силно пријателство двете земји
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид, оствари билатерална средба со Мануел Саразин, специјален пратеник на Германија за земјите од Западен Балкан.
На средбата беше нагласена одличната соработка на Северна Македонија со Германија, која е наш најсилен поддржувач во текот на 30 години дипломатски односи. Во разговорот Грковска потенцираше дека поддршката од Германија за европската перспектива на Северна Македонија е знак на силно пријателство и партнерство меѓу двете земји.
Грковска и Саразин разговараа и за теми поврзани со билатералната соработка на полето на доброто владеење преку размена на искуства со експертска и институционална поддршка. Во таа пригода вицепремиерката се заблагодари за поддршката од Германија, која ќе депонира специјален советник за антикорупција и добро владеење во нејзиниот Кабинет.
„Исклучително сум горда на силната соработка меѓу нашите две земји на полето на доброто владеење. Сакам да им се заблагодарам на германската влада и на тимот на Амбасадата во Скопје за сета поддршка што ја дадоа досега, посебно за советникот за антикорупција, кој во мојот кабинет ќе дојде како поддршка од германската влада“, истакна на состанок вицепремиерката Грковска.
На средбата соговорниците се согласија дека врвен приоритет на Унијата треба да остане интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

