Македонија
Грковска – Саразин: Поддршката од Германија за европската перспектива на Северна Македонија е знак на силно пријателство двете земји

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во рамки на Преспа форум за дијалог што се одржува во Охрид, оствари билатерална средба со Мануел Саразин, специјален пратеник на Германија за земјите од Западен Балкан.
На средбата беше нагласена одличната соработка на Северна Македонија со Германија, која е наш најсилен поддржувач во текот на 30 години дипломатски односи. Во разговорот Грковска потенцираше дека поддршката од Германија за европската перспектива на Северна Македонија е знак на силно пријателство и партнерство меѓу двете земји.
Грковска и Саразин разговараа и за теми поврзани со билатералната соработка на полето на доброто владеење преку размена на искуства со експертска и институционална поддршка. Во таа пригода вицепремиерката се заблагодари за поддршката од Германија, која ќе депонира специјален советник за антикорупција и добро владеење во нејзиниот Кабинет.
„Исклучително сум горда на силната соработка меѓу нашите две земји на полето на доброто владеење. Сакам да им се заблагодарам на германската влада и на тимот на Амбасадата во Скопје за сета поддршка што ја дадоа досега, посебно за советникот за антикорупција, кој во мојот кабинет ќе дојде како поддршка од германската влада“, истакна на состанок вицепремиерката Грковска.
На средбата соговорниците се согласија дека врвен приоритет на Унијата треба да остане интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.6.2022 година (сабота), поради одржувањето на Парадата на гордоста, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците во централното градско подрачје на Скопје.
За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булеварот ВМРО, булеварот Илинден, улицата Аминта Трети“ и улицата 1732.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Програмата за поддршка на печатените медиуми ќе се преточи во системско законско решение

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ), денеска во Владата на Република Северна Македонија организира јавна дискусија на тема „Утврдување модел на системско решение за поддршка на печатените медиуми“.
Воведни обраќања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, и претседателот на АЗНПМ, Лирим Дулови, по што следуваше дискусија со присутните претставници на печатените медиуми.
Во оваа пригода министерот Алити истакна дека подемот на новите технологии ја смени и реалноста на медиумскиот простор, што се одрази врз квалитетот на информирање и особено врз финансиската одржливост на печатените медиуми. Токму поради ова, како што истакна, Владата на Република Северна Македонија од 2018 година преку годишни програми обезбедува финансиска поддршка за печатените медиуми, а веќе размислува и за модел за континуирана системска поддршка.
Генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, оваа дебата ја оцени како чекор кон изнаоѓање квалитетно решение укажувајќи на исклучително тешкиот период во време на ковид-пандемијата кога дел од средствата за поддршка на печатените медиуми беа редуцирани. Димовски истакна дека од исклучително значење е сегашната програма за поддршка на печатените медиуми да се преточи во системско законско и инклузивно решение, со посебен осврт на регионалните медиуми и културната разнообразност на медиумскиот амбиент во државата.
Претставниците на АЗНПМ, ЗНМ и на печатените медиуми го потврдија значењето на владината помош за печатените медиуми во изминатите години укажувајќи на зголемените трошоци за нивна продукција, како и за важноста од нивното опстојување како бастиони на професионализмот и хроничари на историјата на државата.
Тие укажаа на важноста од подобрување на социјалниот статус на професионалните новинари и амбиентот во кој тие работат апелирајќи за зголемување на продукцијата, квалитетот на медиумските содржини и производи и бројот на новинари вработени во овие медиуми.
На крајот на дискусијата заеднички беше оценето дека оваа дискусија е само еден сегмент во заедничките заложби за изнаоѓање модел за сочувување на печатените медиуми преку предлог-законско решение за нивна поддршка, која ќе се разгледува преку инклузивна дебата во наредниот период.
Македонија
Нови 108 ковид-позитивни во земјата – нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 723 теста, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 88 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на кови-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.