Македонија
Гутереш и Жерновски согласни дека Нобеловата награда за мир треба да ја добијат Заев и Ципрас
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска, во седиштето на ОН во Женева, оствари работна средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Како што информираат од владината прес-служба, Жерновски на Гутереш му ја пренел благодарноста на Владата за силната и континуирана поддршка што ООН ѝ ја давала на нашата земја за време на целиот процес на преговори за изнаоѓање решение за името, а кои се водеа под покровителство на ООН, како и за целиот процес на спроведување на договорот од Преспа.
Од страна на двајцата соговорници била изразена и благодарност до амбасадорот Нимиц за неговите лични заложби во решавањето на спорот за името.
Од прес-службата информираат дека на средбата станало збор и за номинацијата на премиерите Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година поради постигнатиот договор од Преспа, при што Гутереш ја искажал поддршката годинешната награда за мир да им биде доделена токму на творците, Зоран Заев и Алексис Ципрас, поради склучувањето на преспанскиот договор.
„Со овој историски договор е затворено прашањето кое не само што ја блокира европската и евро-атлантската иднина на Република Северна Македонија во изминатите 27 години туку и создаваше судир помеѓу двете соседни држави. На овој начин двајцата премиери покажаа политичка спремност да донесат политички одлуки со кои се овоможува трајна стабилност во регионот и во Европа. Нивниот личен напор и спремност за компромис за добросостојба на граѓаните на двете земји се најдобар пример за мудро и долгорочно визионерство, кое е одлика исклучиво на вистинските лидери“, изјавил генералниот секретар на Обединетите нации.
На средбата Гутереш информирал и за доставените писма од негова страна до претседателот на Советот за безбедност и до претседателот на генералното Собрание на ОН, со кои ги известил за влегувањето во сила на конечната спогодба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

